Мрежата за опасност на Србија ги објави првите снимки од потрагата по Матеј Периш од Сплит. Во потрагата по исчезнатиот Матеј од Сплит се вклучија и доброволци кои се обучени да дејствуваат во несреќи и вонредни ситуации, известуваат српските медиуми.
На сликите се гледа како се спуштаат со јажиња и се обидуваат меѓу грмушките покрај брегот да најдат каква било трага од Матеј.
Тој последен пат бил виден во клубот „Готик“ каде се забавувал со пријателите, по што се одвоил од нив и исчезнал. Исчезнувањето на Хрватот го потресе регионот, а истрагата се уште не дала некакви резултати.