По снимките како трча по улици, таткото на исчезнатиот Хрват го потврди неговиот идентитет

Од:

Ненад Периш, таткото на исчезнатиот Матеј, изјави дека снимките објавени на некои српски портали навистина му даваат надеж дека неговиот син е жив.

„Можам да потврдам дека мојот син е на објавените снимки, како на оние во градот каде што трча и бара такси, така и на оние каде плива во вода. Знам само дека ништо опасно не му се случило во клубот, но се уште не можеме да реконструираме што се случило потоа и кој е контекстот што би ја објаснил оваа снимка – рече тој и додаде:

„Кога дојдов во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема да заврши добро, но како што одминува времето, надежите ми растат. Не се огромни, веќе поминаа четири дена. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи?

Сава е длабока четири-пет метри и не е морето просторот да се огради, а од бродовите немаше информација дека ќе треба да се ангажираат нуркачи. Пофалба за сите луѓе за гостопримството и срдечноста овде во Белград, како и полицијата која сериозно си ја врши работата“, рече Периш.

Српската полиција ја продолжува потрагата по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кому на 31 декември околу 02:30 часот по полноќ во белградскиот клуб „Готик“ му се губи секаква трага.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски