Српската полиција ја продолжува потрагата по 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кому на 31 декември околу 02:30 часот по полноќ во белградскиот клуб „Готик“ му се губи секаква трага. Репортерка на хрватска ТВ Нова разговарала со сведок кој тврди дека се сретнал со Матеј во првите часови од Новата година.
„Провјерено“ на Нова ТВ објави дека дека има сведоци кои го виделе Матеј во Рума. Некои од сведоците со кои разговарале пријавиле се во полиција и дале исказ.
„Во првите часови од Новата година, околу 3 часот и 30 минути, во центарот на Рума сретнавме млад човек со изразено сини очи и коса, кој имаше капа на главата и носеше прилично голема јакна. Отпрвин мислевме дека тој е скитник, а зборуваше со сплитски акцент“, изјави сведок за репортерот Ана Малбаша на „Провјерено“ на Нова ТВ.
Postoje svjedoci koji tvrde da su u Rumi vidjeli mladića koji bi mogao biti Matej Periš. Jedni su sve prijavili policiji i dali iskaz. @DNEVNIKhr
— Ana Malbasa (@ana_malbasa) January 3, 2022
Кога слушнале дека младиот човек е прогласен за исчезнат, се пријавиле во полиција.