ВИДЕО: Два дена потрага по млад Хрват мистериозно исчезнат во Белград на новогодишната ноќ

Од:

27-годишниот Матеја Периш од Сплит мистериозно исчезнал во Белград на ноговодишната ноќ. Тој со пријателите бил во ноќен клуб. Во еден момент друштвото забележало дека Матеја го нема. Почнале панично да го бараат. Сфатиле дека палтото му е останато во клубот.

Таткото на момчето денеска пристигнува во Белград. Тој вчера за хрватските медиуми рече дека му станало јасно дека нешто сериозно не е во ред кога пријателите на синот му јавиле дека телефонот на Матеја е исклучен. Тој уште забележува дека е нејасно како никој од обезбедувањето и од присутните во клубот не забележал ништо околу исчезнувањето.

Полицијата во Белград трага по момчето. Според информациите од српските медиуми, во клубот немало никаков индицент ниту пак имало некакви траги или докази за насилство.

Пријателите на исчезнатото момче објавија видео од клубот во кој Матеја е последно виден. На видеото се регистрирани и надзорните камери во околината за кои блиските на Матеј се надеваат дека ќе покажат што всушност се случило.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски