Алими новогодишно засилување на Работнички

Од:

Две недели откако спогодбено ја прекина соработката со актуелниот македонски фудбалски шампион Шкендија, играчот за врска Арменд Алими од денеска е нов член на прволигашот Работнички.

Алими (34) ја смени клупската средина по седум години минати во редовите на Шкендија за која беше стандарден на средината на теренот, а во „црвено – црниот“ дрес постигна 45 голови.

Алими се очекува да биде големо засилување за скопски Работнички, кој есенската полусезона со 22 бодови ја заврши осмопласиран на табелата, само место погоре од зоната за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Би можело да ве интересира

Работнички се раздели со Седлоски, веднаш го именуваше Станиќ

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Марковски: Работнички е подготвен за новата сезона

Крсте Велкоски се врати во Работнички

Славниот фудбалски ас Дејан Рамбо Петковиќ – амбасадор на ФК Работнички и НФТ К-клуб

Катерина Ѓуровски