Две учителки загинаа, а повредени се уште три лица на југот на Тајланд откако била активирана експлозивна направа, која била поставена покрај пат.
Бунтовници го активирале експлозивот додека автомобилот со три просветни работници поминувал покрај болницата во провинцијата Наративат.
Инспекторите веруваат дека мета на нападот било полициско возило кое се движело пред автомобилот со учителките, пренесе „Асошиејтед прес“.
Учителките биле на возраст од 38 и 43 години, а тешко е повреден и учителот кој бил со нив, изјави началникот н аполицијата Пата Мадавах. Во нападот се повредени и двајца полицајци. Откако во 2004 година изби исламскиот бунт, во три тајландаски провинции, загинаа повеќе од 5.000 лица, од кои 150 просветни работници.
Елена Георгиевска