Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагира на забавените евроинтеграции на Македонија, поради бугарското вето.
Тој рече дека Албанија „доколку Бугарија продолжи да става вето за Северна Македонија во следните шест месеци, ќе побара одвојување од оваа земја во смисла на продолжување на патот за отворање преговори за интеграција на земјата во ЕУ“, пренесува „Б92“.
Рама рече дека Албанија е во апсурдна ситуација поради блокадата на Северна Македонија од Бугарија.
„Побаравме мислење од граѓаните, дали би го поддржале новиот пристап на нашата надворешна политика. Што значи дека ако на крајот на француското владеење, односно првите шест месеци од следната година, Бугарија одлучи да стави вето, ние ќе почнеме да бараме одвојување од Северна Македонија. Тоа е тешка одлука од стратешка природа“, рече Рама.