Пендаровски: Соработката со соседите е лакмус тест за подготвеноста за членство во ЕУ

Од:

Ако не соработуваме повеќе со соседите, илузија е да очекуваме поголема соработка со земјите членки на Европската Унија кои се подалеку во географска смисла од нас, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на подкастот „Европски муабети“.

– Еден значаен лакмус тест дали сте вие подготвени да бидете еден ден дел од Европската Унија е дали сте подготвени да имате продуктивна соработка со првите соседи и они кои ви се наоѓаат во истиот регион, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека доколку политичарите кои младите луѓе ги избрале, не ја исполнуваат агендата за која се залагале и ја пропагирале во медиумите пред да бидат избрани, нема друг начин освен „да им се дише зад врат“ и да ги притискаат да се однесуваат на демократски начин и да не ги злоупотребуваат државните фондови за приватни цели.

– Нема никаква дилема и никој не треба да има дилема или сомнеж за инцијативата на Младинскиот сојуз за основање на грчко-македонски канцеларии за младинска соработка, односно за ефикасноста и продуктивноста на овие канцеларии, за она што е нивната примарна цел – приближување на младите генерации од двете држави, кои беа непотребно разделени и политички и на секаков друг начин речиси четврт век. Кога ќе ги приближите младите ќе видите дека нема никаква разлика меѓу нив, имаат исти радости, грижи, задоволства, иста музика слушаат исти филмови гледаат и делат исти вредности, посочи претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека младите се значајни за евроинтегративните процеси, затоа што се најдинамичната сила на секоја економија и најпрогресивниот дел во секое општество и треба да им се даде шанса да се изразат односно да се создаде амбиент во кој ќе покажат што знаат да направат.

Според шефот на државата, зголемената недоверба кај младите во Европската Унија во најголем дел е поради блокадата од нашите соседи.

– Пред 10 години помеѓу 92 и 94 отсто од граѓаните на Северна Македонија биле ЗА членство во Европската Унија, сега под овие околности и поради неправедните блокади евроентузијазмот опаѓа, а особено опаѓа кај младите возрасни категории од 18 до 25 години, односно оние кои треба утре кога ќе испреговараме да ги почувствуваат најголемите бенефити од членството. Оние кои сега се на возраст меѓу 18 и 25 години по преговорите за членство се уште ќе бидат во кондиција да ги уживаат привилегиите од членството и да видат конкретно што значи обединета Европа, истакна претседателот Пендаровски.

Серијата подкасти со наслов „Европски муабети“ се организирани од страна на Младинскиот совет, во соработка со Европската куќа – Скопје и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата