Пожар на наоѓалиштето за гас во Мексиканскиот Залив

Од:

На гасна платформа во Мексиканскиот Залив, на околу 85 километри од брегот на американската сојузна држава Лујзијана, утрово изби пожар.

Според американските власти, пред пожарот почнал да истекува гас, поради што од платформата биле евакуирани 44 работници.

Во пожарот никој не е повреден, изјави портпаролот на американското Биро за безбедност и примена на мерки за заштита на животната средина (БСЕЕ), Ајлин Анџелко.

Таа наведе дека се уште не е позната причината за пожарот. На подрачјето каде се наоѓа платформата во 2010 година се случи експлозија на платформата „Дипвотер хорајзон“, кога во морето истекоа милиони литри нафта. Тоа беше една од најголемите еколошки катастрофи во САД.

Би можело да ве интересира

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори

Две лица загинаа во судир меѓу полицијата и демонстрантите во немирите во Мексико

Градоначалник во Мексико e убиен после 15 дена откако беше избран