Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

Од:

Уставниот суд во моментов функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење таа апелираше до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што, како што рече, следствено значи губење на доверба во правниот систем.

Кацарска на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на Судот.

Одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа што веќе половина година Судот работи со помал број на уставни судии, Кацарска информираше дека во составот недостасуваат судиите кои ги предлага Комисијата за избори и именување а за истекувањето на нивниот мандат Собранието е благовремено известено.

– Судијата Сали Мурати кој беше претседател до 2-ри јуни, два месеци пред да истече нивниот мандат писмено се обрати до претседателот Џафери и го извести дека на тројца судии им завршува мандатот. Во ноември се обратив писмено повторно до претседателот на Собранието, Талат Џафери да го известам дека од 14-ти јануари завршува мандатот на уште еден судија. Се обидувам во непосредни комуникации со министерот за правда, Бојан Маричиќ, со Џафери, да замолам да што поскоро се изберат судиите на Уставен суд. Но, моите ингеренции завршуваат тука, рече претседателката.

За да има одлука, како што посочи, потребни се најмалку петмина судии, но никој не може да грантира дека сите петмина ќе бидат едногласни во одлуките, а и не е правило затоа што квалитетните одлуки се засновани врз дебата, различни мислења и толкувања.

– Сериозна ќе биде состојбата доколку судот биде доведен да одлучува во неколку исклучителни ситуации за кои е нужно дво-третинско мнозинство, односно шест судии, тоа е случај за имунитет и одговорност на претседателот на државата и избор на претседател на Уставен суд. Оваа состојба веќе се одразува со негативен ефект врз работата на Судот. Изминатиот период беа целосно одложени 11 предмети за кои се чека полн состав. Полн состав чекаат деловникот за работа на Владата, предмети за слободи и права, закон за ЈО, закон за даноци за моторни возила за данокот за конзуларни претставници, закон за процена, одлука за додатокот на пратениците, ДУП Гостивар, закон за облигациски односи, закон за високо образование итн., информира Кацарска.

Во однос на прашањето дали смета дека тоа што не се избираат уставните судии е еден вид на политички притисок, Кацарска изјави дека смета оти не се работи за политички притисок, туку, како што рече „едноставно имам чувство како да Собранието сака да го игнорира Уставниот суд, како да не ја знае едноставно улогата која е на Уставниот суд“.

Кацарска апелираше на итно избирање на уставни судии со цел непречена работа на Уставниот суд и изјави дека се надева дека Комисијата за избор и имеунвање ќе се состане набрзо и ќе даде предлози до Собранието за избор на судии.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Горан Наумовски

Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Меџити: Законот за правична застапеност ќе биде во духот на тоа што нема да му се даде можност на Уставниот во иднина да укинува закони само со просто мнозинство

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Етничката припадност е уставна категорија, ќе има нов закон наместо „балансерот“ реагира Таравари