Титулата „Светски женски автомобил на годината“ за 2013 година (Women’s Wirld Car of the Seap) ја освои „Форд Фиеста 1.0 ЕкоБоост“.
„Фиеста“ победата ја однесе пред „Ауди“, „Ренџ Ровер“, „Мазда CX-5“ и „Порше Бохстер С“. Членките на жирито на овој натпревар, што се одржува по петти пат, ја пофалија „Форд Фиестата“ за нејзиниот „врвен изглед и чувство во возењето“, како и ниската потрошувачка на гориво.
Во прилог на тоа зборува и фактот дека „Фиеста“ во рамки на истиот натпревар е прогласена и за „Женски економичен автомобил на годината во светот за 2013“. За наградите одлучуваше жири составен од 18 жени, од 12 земји, а кои пишуваат за автомобилизам.
Жирито за главната награда судеше врз основа на факторите што вклучуваат безбедност, вредност што се добива за вложените пари, естетски изглед, простор за багаж и дребулии, едноставност на употребата на автомобилот за превоз на дете, едноставност во возењето, боја, сексепил и влијание врз животната средина.
Инаку, 1.0-литарскиот ЕкоБоост моторна „Форд“, што се вградува во победничката „Фиеста“, е прогласен за „Меѓународен мотор на годината“ за 2012 и 2013а година, а испорачува 125 КС со емисија на јаглен-диоксид од 99 г/км.
Исто така, новата „Фиеста“ е изграден од максималните пет ѕвезди за безбедност на EuroNCAP тестot.
Автомобилoт меѓу другото нуди и систем „Форд СЅНЦ“ со функцијата на автоматско повикување помоши во итни случаи, што по сообраќајна несреќа директно ги поврзува патниците во возилото со операторите на локалните итни служби.
Тука е и системот „Active Cits Stop“ што на возачите им помага да ги избегнат сударуе при ниски брзини.