ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го девалвираат Собранието, нема пратенички прашања под изговор дека владата не функционира

Од:

„Република Македонија со секој изминат ден станува сé повеќе држава со изразени автократски тенденции. На денот кога претседателот на Собранието Талат Џафери го одбива барањето на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на седница за пратенички прашања, Владата ги информира граѓаните дека ќе одржи седница“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквата ситуација подразбира дека Талат Џафери, надвор од секој закон и спротивно на здравиот разум, му го одзема правото на Собранието да ја врши уставно – утврдената контрола врз Владата со аргумент дека таа влада не функционирала, меѓутоа, истовремено, овој аргумент е силно демантиран од самата влада која информира дека денес ќе одржи седница на која ќе усвои одлуки кои ќе се однесуваат на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ја потсетува македонската јавност дека власта на ДУИ и СДСМ во континуитет ја девалвираат уставно – утврдената позиција на Собранието, почнувајќи од прогласувањето на вонредната состојба во 2021 година, преку тоталитарниот однос со непочнувањето на Уставот и Деловникот во однос на седницата за гласање за доверба на владата, на 11 ноември 2021, а завршувајќи со последното недозволување да се одржи седница за пратенички прашања, на крајот од оваа година.

ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Претседателот на Собранието Талат Џафери да прекине со ваквата лична сервилност кон Зоран Заев преку свесното рушење на уставно утврдените механизми за контрола на законодавната врз извршната власт, бидејќи забрзано ја носи ја државата кон автократски режим управуван од ДУИ и СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Талат Џафери дека сталинизмот и комунизмот во кои тој израснал и очигледно се инспирирал, се идеолошки концепти кои одамна се надминати и дека за овие незапаметени преседани на девалвирање на механизмите за контрола на Собранието врз Владата носи директна лична одговорност пред граѓаните, но особено пред Уставот и Законите на Република Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче