ЗНМ бара одговорност за односот на полицаецот кој ги попречи новинарите да земат изјава од Сашо Мијалков, при неговото излегување од Затвор „Шутка“.
„ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва пред затворот.
ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, се наведува во соопштението на ЗНМ.