(ВИДЕО) Одговорност за овој полицаец: Да се расчисти дали работи во затворот „Скопје“ или е обезбедување на Мијалков

Од:

Полицаец вработен во затворот „Скопје“ во Шутка истурка новинари и сниматели, со што ги попречи во вршењето на својата работа. Тој во време кога ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков излегуваше од капијата на затворот, излезе пред него, па со дрско викање и туркање ги тргаше микрофоните на новинарите кои поставуваа прашања.

На реакцијата од екипата на „А1он“ и „Клан“ зошто ги туркаат новинарските екипи, тој почна нервозно и дрско да вика: „Тргнете се, тргнете се ајде“. На прашањето зошто вакво буткање, тој продолжи: „Ајде..“. Откако Мијалков замина, тој се врати внатре во затворот.

„А1он“ исконтактира и со директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов. Тој во кратка изјава посочи дека веќе се проверуваат снимки од затворските камери, но се преземаат и други мерки за утврдување на можна дисциплинска одговорност. Андов кажа дека доколку биде утврдено дека полицаецот вработен во затворот ги пречекорил неговите надлежности и ги попречил новинарите во својата работа, ќе понесе одговорност согласно внатрешните прописи.

Претходно, истиот полицаец, молчеше и дозволи обезбедувањето да го паркира автомобилот на Мијалков веднаш до капијата. Иако двете новинарски екипи бараа објаснување зошто ексдиректорот на УБК е привилегиран, полицаецот не одговори. Тој и неговите колеги молчеа и на прашањата дали на сите затвореници им се дозволува вака да се паркираат кога го напуштаат затворот.

Новинарските екипи досега, секогаш биле дистанцирани од капијата на затворот. Затворската полиција секогаш реагирала кога некој ќе се доближи до влезот. Случајот со Мијалков каде се дозволи автомобилот да биде паркиран буквално до влезот е еден од ретките.

Доколку управата на затворот „Скопје“ не го санкционира полицаецот, „А1он“ ќе ги преземе сите мерки пред надлежните органи тој да понесе одговорност за попречувањето во работата на медиумските екипи, со што во иднина ваквото однесување не би се повторило никому.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор