Приведени лица затекнати при вршење тешка кражба, украденото вратено на сопственикот

Од:

Приведени се лица кои се затекнати при вршење тешка кражба, а украденото е вратено на сопственикот, информираат од МВР.

„На 28.12.2021 во 16.10 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во кругот на РЖ Товарна – Трубарево, ги затекнале Б.К.(58) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, при вршење на кривично дело „тешка кражба“. Двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво. Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи