Град Скопје: СДСМ манипулира, мерките се укинуваат автоматски, а не по нечија одлука

Од:

Од Град Скопје реагираат на соопштението на СДСМ, за мерките за намалување на загаденоста и бесплатниот превоз.

„Мерките и препораките за подобрување на состојбата со загадување на воздухот се активираат согласно со Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање дека прагот на квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.

Подобрувањето на состојбата во однос на загаденоста на воздухот значи и прекин на бесплатниот јавен превоз во градот Скопје. Оваа мерка е дел од пакетот интервентни мерки во деновите кога е енормно аерозагадувањето.

Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно со Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки се на сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.

Така што срамни се обвинувањата од СДСМ, дека градоначалничката Данела Арсовска со своја одлука го укинала бесплатниот јавен превоз. Согласно со Закон мерките се стопираат кога просечното загадување ќе биде под 100 микрограми на кубен метар, како што е случајот сега, според известување добиено од Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он