Човек сакал да полага возачки испит со фалсификувана лична карта

Од:

Приведени се две лица поради фалсификување на лична карта, информираат од Министерството за внарешни работи.

„На 28.12.2021 од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба биле лишени од слобода С.Ј.(35) од с.Брест и Б.Х.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Имено, според пријава во 15.30 часот од член на комисија за полагање на возачки испит во испитен центар на подрачјето на Гази Баба, при проверка на лична карта приложена од кандидат за полагање на возачки испит било утврдено дека таа била фалсификувана, односно била на име А.Ј., со податоци на С.Ј., а фотографијата била на Б.Х.

При извршениот службен разговор, еден од осомничените изјавил дека фалсификуваната лична карта им ја изработило лице од подрачјето на Бит Пазар за сума од 100 евра. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР