ВМРО-ДПМНЕ: Загадениот воздухот во Скопје и Струмица покажува дека наместо на проекти заевизмот со години бил посветен на криминал

Од:

„Власта на СДСМ пет години ништо не направи за справување со загаденоста на воздухот, како во Скопје, така и во другите градови во Македонија. Власта на СДСМ не го реализира капиталниот проект, гасификација на домаќинствата и индустријата, нешто што ќе донесеше економски бенефит, но и значително ќе го намалеше загадувањето на амбиенталниот воздух. Неспособната власт на Заев и СДСМ беше фрлена на криминал и корупција, затоа не направи ништо на ова поле“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем најдобар показател за негрижата на СДСМ за животната средина е општина Струмица. Во општина Струмица заевизмот владее од 2005 година, а денес Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија и регионот. Вредностите на ПМ честиците во воздухот во Струмица рушат црни рекорди, иако пропагандата на заевизмот тврдеше дека спровеле успешна гасификација. Вистината е дека нема никаква ефективна гасификација, туку јак бизнис на заевизмот.

Патем во Струмица нема ниту индустрија, освен фирмите на кланот Заеви, што значи дека освен заевизмот нема кој друг да загадува. Јасно е дека заевизмот труе со своите лаги и својот криминал.

Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздухот, но за тоа се потребни промени и заминувањето на заевизмот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски