ВМРО-ДПМНЕ: Пиoнот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев

Од:

„Пиoнот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев. Димитар Ковачевски треба да се извини за грабежот кој Заев и го приреди на државата во форма на 5 годишни буџети. За 60.000 останати без работа, за 5.600 фирми што ставија клуч на врата, за инфлацијата и десеткратно поскапата струја“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски да се извини на сите фирми и граѓани на кои Заевци им барале рекет, а за што гледаме дека излегуваат и сведоштва како во писмото на Бојан Јовановски до Заев, за што самиот тврди дека има докази во неговиот телефон.

Ковачевски да се извини за сите лаги кои Заев ги изрече, за безбројните датуми, кои само што не ги добивме, а сепак на крај не ги добивме.

Ковачевски треба да се извини на целата нација затоа што Заев и Филипче 5 месеци не обезбедија вакцини затоа што бркаа провизии, а народот мораше да оди во соседните земји за да се вакцинира.

Ковачевски да им се извини на фамилиите кои изгубија членови на семејство затоа што Заев и Филипче тераа бизнис и политика во пандемија.

Ковачевски мора да се огради од Заев и да се извини, во спротива докажува дека е само негов пиун, и ништо повеќе од тоа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче