Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

Од:

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ. Тој изрази посебна благодарност до поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев и до сите членови на партијата.

-Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски, стои меѓу другото во писмената оставка на Николовски доставена до СДСМ.

Претходно и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се повлече од функцијата потпретседател на партијата, најавувајќи дека нема намера да биде дел од новото раководство.

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да ги донесе финалните одлуки за тоа како ќе изгледа новото раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците