Пендаровски се сретна со пензионираните генерали во Армијата

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари средба со пензионираните генерали во Армијата.

На традиционалната пред новогодишна средба со пензионираните генерали, претседателот Пендаровски истакна дека со зачленувањето во НАТО земјава исполни една од нашите главни стратешки цели и се валоризираа севкупните напори на сите што работеа во областа на одбраната, а каде голем удел имаа и сите припадници на Армијата, од независноста до денес.

Армијата денеска, нагласи претседателот Пендаровски, е рамноправна со сојузничките армии на другите земји членки на НАТО Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност.

Тој им се заблагодари на пензионираните генерали за нивниот значаен придонес во градењето на Армијата.

Претседателот рече дека инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи и оти еден од неговите главни приоритети останува во следните години да се достигне зацртаната цел, 2,0 отсто од БДП да се одвојува за одбраната.

На традиционалната пред новогодишна средба, покрај дваесет и четворицата пензионирани генерали, од кои петмина се пензионирани началници на Генералштабот, присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он