И во Тетово фатени граѓани без сертификати за примена вакцина во кафеани

Од:
Синоќа (25/26 декември) од 23 до 2 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола со која вкупно биле опфатени четири угостителски објекти во Тетово.При контролата, во угостителски објект на улица “Димо Гавровски-Кара” биле затекнати и во координација со Државен пазарен инспекторат со соодветни поднесоци санкционирани четири лица од тетовските села Шемшово, Нераште, Мала Речица и Џепчиште, кои не поседувале сертификати за примена вакцина против “ковид-19” и 2 лица без документи за идентификација.
Двете лица без документи приведени се во Полициска станица Тетово за натамошна постапка, а санкции ќе следуваат и за угостителскиот објект.Во угостителски објект на улица “Маршал Тито” , пак, бил затекнат еден малолетник и нему ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он