ВИДЕО: Азурно сина планета на која наместо дожд, паѓа – стакло!

Од:

Астрономите откриле планета со азурно сина боја, која кружи околу ѕвездата оддалечена 63 светлосни години, што е прв пат научници да можат да констатираат вистинска боја на планета надвор од нашиот Сончев систем, известуваат НАСА и Европската вселенска агенција.

Станува збор за планета, наречена ХД 189733б, гасовен џин, на која дуваат ветрови со брзина од 7.200 километри на час и владее дневна температура од 1.093 Целзиусови степени, што значи дека е можно на неа, поради силните ветрови од страна да паѓа течно стакло.

Сината боја не потекнува од океан, како што е случај на Земјата, туку поради магловитата, полна со ветрови атмосфера, која содржи облаци на големи висини, прошарани со силикатни честички.

Силикатот кој се кондензира во топлината, може да формира многу мали капки стакло кое свети со сина светлина, наместо со црвена.

НАСА со помош на телескопот Хабл, ја откри планетата во 2005 година, но дури сега на основа на истражувањето, може да се утврди дека планетата е со темно сина боја.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ