(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ призна вина за АД Славија, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните спречија криминална продажба и спасија 20 милиони евра

Од:

„Власта и СДСМ со откажувањето на продажбата на АД Славија ја признаа вината. Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе кои што би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните спречи продажба на АД Славија на криминален начин и со тоа спаси за државата и граѓаните 20 милиони евра во имот.

Почитувани граѓани, продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно – во вакуум период помеѓу смена на 2 гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова Година мислејќи дека никој тоа нема да го види.

Е така не може. Така може да си препродаваат само штабови на СДСМ и имот на СДСМ.

Особено сакам да им честитам и на вработените во АД Славија, кои одлучно покажаа пркос и поддржаа Славија да не оди на продажба на ваков криминален начин каде што ќе бидат оштетени.

Да потсетиме, Славија сакаа да ја продадат за 218.535 евра, со имот и реални земјишта кои вредат над 20 милиони евра, со годишни приходи од 50 милиони денари и со пари на сметка кои во моментов се оперативни.

Сега, откако ја повлекоа оваа криминална продажба во најава која не се служи за среќа на граѓаните, откако им ги помативме сметките и намерите, уште веднаш бараме оставка од Фатон Асани, директорот на агенцијата за одземен имот, бидејќи ова не му е прв случај каде сака да распродаде имот кој е под негова ингеренција на блиски луѓе до СДСМ. Нормално, обезвреднет за многу ниска цена.

Фатон Асани е еден од луѓето кој што беше најгласен за продажбата, можеби не по негова волја туку по нечија нарачка, но тој е еден од луѓето кој што беше најгласен, најревносно ја бранеше и се бореше за продажбата на овој криминален начин и мора да си даде оставка за овој случај и мора да се повлече, бидејќи со повлекувањето на продажбата тој ја призна вината за овој криминал во најава.

Како политичка партија покажавме дека стоиме на страната на граѓаните и дека немаме намера да калкулираме со криминалот и како и сега, така и во иднина ќе бидеме рамо до рамо со граѓаните штитејќи ги нивните интереси. Ние, како ВМРО-ДПМНЕ имаме јасни намери, цели и принципи да расчистиме со секаков вид на криминал. Тоа го покажавме дури и сега во опозиција.

Сакам исто така и да ги потсетам дел од институциите, како на пример антикорупциската комисија, која се уште до неа најверојатно не стигнале информации и не знае дека власта сакала да ја продаде АД Славија, најверојатно затоа што по цел ден играат видео игри во институцијата наместо да се борат против криминалот, исто така да потсетам и на молкот на пиунчето на Зоран Заев, Димитар Ковачевски кој во ниту една прилика излегувајќи секојдневно по медиумите не најде време да го искоментира овој криминал во најава и да побара да биде спречен иако се крена како сериозна тема во јавноста. Наместо тоа, праќаат деца на прес конференции да ги штитат нивните криминални бизнис интереси.

Тоа покажува дека им е дојден крајот и дека на изборите ќе изгубат со огромна разлика.

Со тоа исто така, Димитар Ковачевски покажа и докажа уште еднаш на самиот почеток од преземањето на функцијата, дека е ист како Зоран Заев, дека ги има истите вредности и принципи и дека го интересира и него заштита на криминалот и дека ќе ги следи во иднина патеките на Зоран Заев.

Почитувани граѓани, почитувани господа од СДСМ и од власта, вака држава не се води. Затоа, на предвремените парламентарни избори ќе бидете сменети сите на куп“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ