ВМРО-ДПМНЕ: Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да ја сокријат бедата и криминалот на владата

Од:

„Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да ја сокријат бедата и криминалот на владата. Марјан Забрчанец и СДСМ вршеле притисоци врз медиумите и диктирале вести, ова е доказ за хибридниот режим на дело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Во писмото кое Бојан Јовановски го пишува до Заев тој јасно посочува дека добивал насоки за медиумското делување на 1ТВ од Марјан Забрчанец, советник на премиерот за медиуми и дека за тоа постојат докази во неговиот телефон.

Јовановски ја открива целата трулост на системот на Заев и сега квалификацијата хибриден режим станува се појасна.

Заевци, Забрчанец и екипата диктирале вести за да го затскријат криминалот, да угушат секоја критичка мисла и да спречат да не излегуваат на виделина матните бизнис зделки полни со криминал и корупција.

Не случајно угледниот магазин „Економист“ ја подредил земјата под владеење на Заев во групата држави каде владее хибриден режим.

Контролата и притисокот врз медиумите се главен показател за заробеното општество.

Не може да има слобода во медиумите и демократија се додека е СДСМ на власт. Ова е уште една во низата причини зошто се потребни брзи предвремени избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски