ВМРО-ДПМНЕ: Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис

Од:

„Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони. Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра. Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра.

Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж.

Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче