Попоски претседаваше со 10. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска претседаваше со 10-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ (Совет за СА). На состанокот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.

Делегацијата на ЕУ, како што информира МНР, била предводена од Линас Антанас Линкевичиус, министер за надворешни работи на Литванија, а во име на високиот претставник Кетрин Аштон. На состанокот присуствувал и комесарот Штефан Филе.

– Советот за СА потсети дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) останува суштинската основа за односите меѓу ЕУ и Република Македонија се до нејзиното пристапување во ЕУ. Спогодбата обезбедува договорна рамка за заемна соработка според која се разгледува развојот на меѓусебните односи, се вели во соопштението од МНР.

Советот за СА, како што се наведува, ја зеде предвид главната цел на Република Македонија и нејзината силна заложба за почнување на пристапните преговори, истовремено земајќи ги предвид препораките на Европската комисија за оваа цел. Советот за СА исто така го зеде предвид Извештајот на Комисијата од 16 април 2013 година, кој беше побаран од Советот за општи работи од декември 2012 година, во кој се изнесени оценките дека продолжува спроведувањето на реформите во контекстот на ЕУ интеграцијата, односите со соседите и натаму се добри и оти се преземени чекори во билатералните односи со Бугарија и Грција, како и во однос на прашањето за името.

– Советот за СА ги разгледа клучните настани во претходниот период кои се однесуваат на исполнувањето на политичките критериуми, како и на состојбата во однос на економските критериуми, финансиската соработка и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Советот за СА го поздрави напредокот во исполнувањето на обврските во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво, нагласувајќи ја важноста и натаму да се преземаат континуирани напори фокусирани на имплементацијата. Советот за СА ги зеде предвид резултатите од состанокот на Комитетот за стабилизација и асоцијација одржан на 13 јуни 2013 година, стои во соопштението од МНР.

Во однос на политичките критериуми, Советот за СА, како што се посочува, ја подвлече важноста од конструктивен дијалог меѓу политичките чинители. Беше информирано за состојбата во однос на спроведувањето на договорот од 1 март, чија цел е разгледување на настаните во Собранието од 24 декември. Во врска со ова, Советот за СА ја нагласи потребата од целосно спроведување на сите елементи на договорот, што ја вклучува и работата на Анкетната комисија, потпишувањето на меѓупартискиот Меморандум за разбирање за евро-атлантските стратешки приоритети, изборните реформи и дијалогот за состојбата во медиумите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани