Извезени над 3 милиони килограми праски од росоманскиот регион

Од:

Од почетокот на сезоната до денеска извезени се над 3 милиони килограми праски од росоманскиот регион, кој важи за најголем производител на овој вид на овошје во Македонија.

Како што информираат од општината Росоман, најголем дел од праските се извезени во Русија, Полска, Украина и Белорусија. Голем дел од родот заминал и во поранешните југословенски републики.

Во тек е берењето на праските од најзастапените сорти „голд хевен“ и „фантазија“ од нектарините. Според овоштарите, квалитетот на праските е извонреден.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници