Избран нов Надзорен одбор на „Прилепска пиварница“

Од:

„Прилепска пиварница“ во соопштение до Македонска берза објави измени во органите на управувањето.

На последното одржано Собрание на акционерите констатирана е одлука за престанок на работењето на претходниот Надзорен одбор поради смрт на претседателот и оставка на другите двајца членови со што едногласно со 29406 гласови „за“, без ниту еден глас против, ниту воздржан, компанијата доби три нови члена на Надзорниот одбор.

За претседател на Надзорниот одбор едногласно на конститутивната седница е избран Александар Чатлески, а другите двајца членови се Методија Самарџиоски и Александар Димитријевски.
Од компанијата известуваат дека овие лица немаат акции во пиварницата.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница