Пеле излезе од болница

Од:

Болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло. соопшти синоќа дека еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Едсон Арантес до Насименто (81), попознат како Пеле, е пуштен на домашно лекување, откако на почетокот на овој месец повторно беше хоспитализиран поради лекување на тумор на дебелото црево.

– Пациентот е во стабилна состојба и ќе продолжиме со лекување на туморот. Сега е пуштен дома, се наведува во болничкото соопштение.

Пеле кон средината на септември беше опериран од тумор на дебелото црево, а потоа беше подложен на хемотерапија.

Тој е единствениот фудбалер во историјата со три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бразил се прости од Пеле: Ќе има вечен поглед на стадионот на Сантос

(ВИДЕО) Телото на Пеле на стадион, илјадници навивачи се збогуваат со легендата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ковчегот на Пеле пречекан со огномет, Бразил се подготвува за погребот на легендата

Катерина Ѓуровски

Сантос ќе ја повлече „десетката“ на Пеле

Колкаво наследство ќе остави Пеле?

Светските медиуми за Пеле: „Топката плаче, Пеле е мртов“, „Беше фудбал во четири букви“

Катерина Ѓуровски