Тројца војници на НАТО и нивниот преведувач загинаа во Авганистан

Од:

Тројца војници на НАТО и нивниот авганистански преведувач, загинаа денеска во бомбашки напад во Авганистан.

Националноста на жртвите и други детали за инцидентот не се соопштени. Нападот е извршен во округот Сајдеабад, во источниот дел на Авганистан.

Првично беше соопштено дека бомбата била поставена покрај пат, но подоцна било утврдено дека експлозијата е предизвикана од бомбаш-самоубиец, за кого жртвите мислеле дека е земјоделец.

Повеќето странски војници, распоредени во Источен Авганиста, се Американци.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан