Белград: Се самозапали жена со бензин

Од:

Жена на возраст од околу 50 години, денес во Бањичка шума, во Белград се самозапали со бензин.

Како што пренесуваат медиумите таа веднаш е пренесена на одделението за реанимација во Ургентниот центар.

-Не можам да ви го кажам точниот степен на повредните, но изгорениците се по целото тело-изјави лице за односи со јавноста од Брзата помош, Мирко Лутовац.

Инцидентот се случил околу 11 часот, а се уште не е познат идентитетот на жената.

Како што пренесува „Блиц“ жената првин ја забележиле граѓаните.

-Беше страшно. Во еден момент забележавме дека во шумата гори огин. Притрчавме да видиме што се случува и забележавме дека жената гори. Пламенот беше многу голем. Почнавме на неа да фрламе песок и се што успеавме да најдеме, за да го изгаснеме огнот.

– Во тој момент стигна и полицаец кој врз неа го фрли својот панцир-раскажува Славољуб Васиљевиќ, кој учествувал во спасувањето на жената.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани