Американската воена морнарица заплени оружје од Иран испратено кон Јемен

Од:

Американската воена морнарица соопшти дека запленила големо количество пушки калашников и муниција прошверцувани во рибарски брод од Иран, кои најверојатно биле испратени кон Јемен.

Како што беше соопштено синоќа, патролни чамци на американската морнарица откриле оружје на рибарски брод без државни ознаки, во операцијата што започна во понеделникот во северниот дел на Арапското Море кај Оман и Пакистан.

Морнарите се качиле на бродот каде имало пет членови на екипажот од Јемен, при што пронашле 1.400 пушки калашников и поголема количина муниција.

Во Јемен се води војна меѓу бунтовниците Хути поддржани од Иран и провладините сили предводени од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија