За три часа казнети 78 возачи за непрописно престигнување

Од:

Казнети се 78 возачи за непрописно престигнување на територијата на цела држава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (22.12.2021) во периодот од 07.00 до 10.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 78 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, 14 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Скопје.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски