Министерот за здравство на Грција потврди дека ќе се воведат рестриктивни мерки по празниците

Од:

Јасна е позицијата на Владата дека по празниците ќе постои рамка на рестриктивни мерки, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, говорејќи во грчкиот Парламент и објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози и се очекуваат нивните препораки, јави дописничката на МИА од Атина.

Плеврис додаде дека по препораките, Владата ќе донесе одлуки, но сигурно е дека „ќе постојат рестриктивни мерки по празниците, за да можеме да ја следиме и контролираме пандемијата“.

Веројатноста за дополнителни мерки на почетокот на 2022 година, ја остави отворена и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната владина седница кога рече дека нивниот план е во две фази: првата масовно тестирање пред празниците, а втората можност за дополнителни мерки по Нова година.

Објасни дека втората фаза се однесува на периодот по празниците, односно на првите седмици од 2022 година и во зависност од текот на пандемијата, на располагање се низа опции, а како пример ги спомена работа од дома, работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата и паралелно истакна дека сè ќе зависи од тогашните податоци и сè уште не е донесена никаква одлука.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит