ФОТО: Започна реконструкцијата на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

Од:

Започнаа активностите околу подобрување на патната инфраструктура во Тетово. Денеска се реконструираше булеварот „Маршал Тито” во централното градско подрачје.

„Поголемите ангажмани околу подобрувањето на состојбата на патиштата во Тетово започнуваат токму од оваа улица, а со истото темпо активностите ќе продолжат и во следниот период“, изјави градоначалничката Теута Арифи.

marsal-tito-tetovo (2)

Откако ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Маршал Тито“, ќе се започне и со спроведување на планираното зонско паркирање, најавија локалните власти.

Поради тоа, во изминативе денови низ градските улици забележани се и редари, кои се задолжени возачите да ги подготват за новиот начин на паркирање.

Г.М.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии