Бубевски за „А1он“: Автомобилот целосно изгоре, не се сомневам дека сум бил цел на напад

Од:

Обвинителот Гаврил Бубевски смета дека тој не бил цел на некаков напад, откако неговото возило изгоре во пожарот кој настана во близина на бараките на „Улици и патишта“, позади трговскиот центар „Буњаковец“. Тој за „А1он“ вели дека цела ноќ бил на местото каде се случил пожарот. Објасни дека сѐ горело, а дека неговиот автомобил е целосно опожарен.

„Не знам за сигурно што се случило, да не шпекулираме се уште. Автомобилот е целосно опожарен и тој е осигуран. Колку ќе надомести компанијата, тоа не знам. Друго вредно внатре – немаше. Јас не се сомневам дека јас сум бил цел на некаков напад. Јас сум добар, освен што сум уморен бидејќи цела ноќ гаснев, бидејќи сѐ гореше. Кај мојот автомобил, од задната страна почнал пожарот, па изгорело се кон напред. Другото е од напред кон позади. Се гледа дека таму е жариштето. Моето е како колатерала. Тоа е првичното што јас го знам. Полицијата прави увид, има крим техника“, вели обвинителот Бубевски за „А1он“

„А1он“ веќе објави дека автомобилот на Гаврил Бубевски бил паркиран близу бараките на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои целосно изгореа. Првичните информации се дека неговиот автомобил бил зафатен откако пожарот избувнал кај друго паркирано возило, позади неговото.

Од МВР велат дека пожарот е пријавен еден час по полноќ. Прво се запалил „Нисан“ со скопски регистрации. Второто возило, кое е на обвинителот Бубевски, било делумно зафатено. Бараките на ЈП „Улици и патишта“ биле целосно опожарени.

„Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот“, велат од МВР за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Еден загинат, 11 повредени во пожар во станбена зграда во Сеул

Пожар во Аеродром, повреден е газдата на станот и неговиот син

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил