Од експлозија на паркирано возило се запалиле бараките на „Улици и патишта“ позади Буњаковец

Од:

Возило паркирано на тротоарот до бараките на „Улици и патишта“ експлодирало, а пожарот ги зафатило и канцелариите на јавното претпријатие. Страшниот пожар во центарот на Скопје, позади трговскиот центар „Буњаковец“ се случил ноќеска, на еден час по полноќ. Засега се непознати причините за тоа како се запалило паркираното возило. Од Противпожарната бригада велат дека акцијата за гаснење на пожарот и натаму трае.

„Пожарот настанал од надворешна страна, кога неофицијално, возило експлодирало. Зафатена е кровната конструкција, која претставуваше голем проблем за да се влезе и интервенира. Делумно опожарено е уште едно возило со скопски таблици, кое било паркирано. Интервенирано е со шест противпожарни возила“ вели командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.

Превентивно, едно противпожарно возило и натаму е на терен. На местото треба да излезе и јавен обвинител, бидејќи возилото се запалило додека било паркирано.

Би можело да ве интересира

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола