ВМРО-ДПМНЕ: Кражба на деценијата – Вредноста на АД Славија е над 20 милиони евра, додека Заев и Ковачевски ја продаваат за нешто над 200.000 евра

Од:

„Кражба на деценијата – Вредноста на АД Славија е над 20 милиони евра, додека Заев и пиунот Ковачевски ја продаваат за нешто над 200.000 евра. Само административната зграда со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. А претпријатието има и друг броен имот за кој деновиве ќе зборуваме и ќе објавиме во јавноста“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„АД Славија минатата година имала приходи од над 800.000 евра, односно лани друштвото имало 4 пати поголем профит од тоа што денес Заев и пиунот Ковачевски го бараат како сума за продажба.

Власта на пиунот Ковачевски и Заев го раскрчмува имотот на АД Славија затоа што тој им е ветен на бизнис моќници кои градат станови и вршат бетонизација на Скопје“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче