ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е лика и прилика на заевизмот со сите нишани

Од:

„Димитар Ковачевски е пион на Зоран Заев и верен продолжувач на заевизмот. Цело време молчеше додека заевизмот ја туркаше Македонија во кризи, па и самиот беше учесник во лошите политики на власта, и затоа сега тој не може да се нуди како решение. Ковачевски пиунот на Заев е лика и прилика на Заевизмот со сите нишани, почнувајќи од неодговорноста, па до манипулациите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски, пионот на Заев, беше фатен во пропагандната лага на заевизмот која се обидуваше да го прикаже како хардварски студент, а всушност тој посетувал неколку дневен скапо платен курс. Уште повеќе што постои основан сомнеж како ја стекнал и неговата докторска титула, имајќи предвид дека докторатот го одбранил во Црна Гора во време кога неговиот татко е амбасадор во таа земја, а тој во исто време е носител на висока позиција во македонскиот телеком.

За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Но очигледно во заевизмот се е можно.

Ковачевски, пионот на Заев не може да биде иднината на Македонија. Тој може да биде само верен послушник и ништо повеќе.

Вистинскиот напредок на Македонија е можен само со пораз на заевизмот на предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче