Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“

Од:

Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Имено по претходно изведени спротиставени вештачења на одбраната и обвинителството, а пред се, за да се запази еднаквоста на оружјето кое во евентауално жалбена постапка може да биде клучно при одлучувањето на второстепениот суд, издадена е наредба за супервештачење.

Од надлежниот Технички факултет во Битола, посочуваат од Судот, предметот е вратен со образоложение дека лиценцираните вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила, а другите вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење.

– По добивање на известувањето, Судот контактираше со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје од каде исто така е известено дека истите немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои претходно не учествувале во изведените вештачења, се наведува во соопштението.

Овие наводи, како што соопшти Судот, на денешната главна расправа, биле соопштени пред странките во постапката кои воедно биле известени дека предметот е веќе испратен во Бирото за судски вештачења кои имаат можност да формираат тим од лиценцирани вешти лица и да го изготват супервештачењето.

– Потребно е да се напомене дека предметот во почетната фаза се водеше со забрзан интензитет со оглед да стануваше збор за притворски предмет. Но, со оглед на пандемијата од КОВИД – 19, Протоколот за работа на судовите во услови на пандемија како и фактот дека Апелацискиот суд Скопје ја укина мерката притвор и ја замени со поблаги мерки за обезбедување присуство, дел од насрочените расправи во текот на минатата година беа одлагани единствено заради изолација на судечкиот совет и странките во постапката, иако судот инсистираше на забрзано темпо, наведуваат од Основниот кривичен суд Скопје.

Во текот на оваа година, додаваат, предметот се води според предвидениот интензитет со што беа сослушани сите предложени и прифатени сведоци, оштетени и вешти лица.

– Преостанува само да се изведе и супервештачењето со што доказната постапка ќе биде затворена и предметот ќе премине во фаза на завршни зборови и пресуда. Заради тоа насрочени се термини на 25 јануари како и на 3,10,15,24 и 28 февруари 2022 година, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он