Пецаков: Долгот на Општина Охрид и на градските јавни претпријатија изнесува околу 22 милиони евра

Од:

Долгот на Општина Охрид моментално изнесува 857 милиони денари или речиси двојно повеќе отколку во 2019 година кога со финансиска помош на Владата за раздолжување на општината тој бил намален на некаде 530 милони денари.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска на прес-конференција појасни дека само во текот на предзиборниот период, пред почетокот и во текот на кампањата долгот на Општина Охрид нараснал за повеќе од осум милиони евра.

– Со жалење морам да констатирам дека претходно пласираното за финансиската кондиција на Општина Охрид не приближно не соодветствува со реалната состојба…Сето тоа е резултат првенствено на недомаќинско работење, предимензионирање на буџетот, одвојување големи суми за времени вработувања, трансфери кон невладини организации и медиуми. Само во последните две ставки трансферите од минатата година до оваа се разликуваат за дополнителни 250 илјади евра, појасни Пецаков.

Пецаков уште додаде дека по основ на склучени договори Општината должи 66 милиони денари, околу милион евра треба да се платат за договори што се реализирани, делумно реализирани или воопшто не е почната нивна реализација. И тука , како пто рече, станува збор за сума пресметана според договорите што значи дека реалната би била поголема.

Слична е состојбата и со кондицијата на општинските јавни претпријатија, кои се со наталожени догови по најразлични основи. Најзадолжено е ЈП „Водовод“ со 309 милиони денари долг, од кои 244 милиони кон новоформираното ЈП „Колектор“. Следуваат ЈП „Билјанини извори“, со долг од 78 милиони денари, потоа „Охридски комуналец“ со 60 милиони денари, па „Нискоградба“ со 46 милиони денари, „Градски пазар“ до 2,4 милиони дефнари и „Градски гробишта“ со околу милион денари.

– Вкупно сите претпријатија должат 497 милиони денари или околу осум милиони евра. Во 2017 година по промената на Локалната власт и директорите на јавните претпријатија сите општински претпријатија беа во добра кондиција и со плус средства на нивните сметки. Кумулативно долгот на сите претпријатија заедно со долгот на Општината изнесува 1,345 милиони денари или околу 22 милиони евра, додаде Пецаков, најавувајќи дека новата локална власт ќе продолжи транспарентно да известува за состојбата и кондицијата на Општината и градските јавни претпријатија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on