Бруклин забрзано бара нови кошаркари поради проблеми со коронавирус

Од:

Новиот бран коронавирус во Соединетите Американски Држави сè повеќе им наштетува на клубовите во НБА лигата, а во моментов најтешка е состојбата во редовите на Бруклин.

Еден од главните фаворити сезонава за освојување на титулата, заклучно со саботата пријави осум кошаркари во Ковид протоколот, меѓу кои и Џејмс Харден и Кевин Дурант.

Поради големите проблеми поврзани со позитивни играчи на коронавирус, раководството на Бруклин, како што јавија синоќа американските медиуми, забрзано преговара и потпишува десетдневни договори со повеќе кошаркари без ангажман.

Со ефект од 21 победа и осум порази, Бруклин е актуелен лидер во Источната конференција во НБА лигата.

Би можело да ве интересира

Клиперс го победиja Сакраменто и ја прекинаa серијата од три порази

НБА: Оклахома победи со звукот на сирената

Ленард трет на вечната листа стрелци во една серија од НБА плејоф

Ниту трипл-дабл ефектот на Леброн не им помогна на Лејкерс на гостувањето кај Атланта

Трипл-дабл на Леброн во триумфот над Бостон