Пештерата „Шаркова дупка“ достапна за туристите

Од:

Со свечено отворање и презентација на проектот за ставање во употреба, пештерата „Шаркова дупка“ е ставена во туристичката понуда на Национален пар „Маврово“.

На промоцијата беше кажано дека пештерата во селото Маврово, е една од првите туристички уредени пештери во земјава. Со овој проект, нејзините природни особености сега се полесно достапни со што таа во иднина ќе биде туристички искористена.

– Националниот парк Маврово како управувач со пештерата Шаркова Дупка знаејќи го големиот потенцијал на пештерата за развој на туризмот презеде соодветни активности за повторно активирање на Шаркова дупка за посетителите. Како резултат на тоа на повикот од „Мрежата на заштитени подрачја“ – Паркови Динариди, конкуриравме со проектот Спелео Авантуририте – Голема шанса за Авантуристичкиот туризам кој содржеше активности за повторно отворање на пештерата за посетители, рече директорот на НП „Маврово“ Самир Ајдини.

Отворањето на „Шаркова дупка“ доаѓа по активностите кои НП „Маврово“ во партнерство со Спелеолошката Федерација на Македонија и локалната невладина организација „Маврово 365“. Покрај реконструкција на внатрешните скали од пештерата, промена на осветлувањето, направена е обука на двајца локални жители за спелео-водичи и изработена е Научна студија за пештерата.

Пештерата „Шаркова дупка“ се наоѓа непосредно пред ски центарот во селото Маврово. Се карактеризира со простор поделен во „голама сала“ и „втора сала“ во кои има голема разноликост на пештерски украси (драперии, сталактити, сталагмити и пештерски корали).

Оваа пештера за прв пат беше уредена е во 2007 година и повремено работеше за потребите на туристите.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски

Спасувачките служби објавија фотографии од пештерата: Познати нови детали за спасувањето

А1он