АД ЕСМ: Тече испораката на јаглен во РЕК Осломеј

Од:

Во РЕК Осломеј тече испораката на набавените 130 илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април 2022 година, информираат од АД ЕСМ.

Посочуваат дека генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор денеска извршија контрола врз процесот на достава на количините, кои се дистрибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.

-Набавениот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор. Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност за цела 2022 година, велат од АД ЕСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност