Интернет страницата „eBay“ реши да се впушти во се попопуларното 3Д печатење, па затоа минатата недела ја претстави новата ајФон апликација под името „eBay Exact“.
Оваа апликација им овозможува на корисниците сами да креираат одредени предмети, кои потоа ќе се израбоѕат со помош на 3Д печатач и ќе бидат испратени на саканата адреса.
Целиот процес изгледа многу едноставно. Кога апликацијата ќе се стави во функција, корисникот може да избере една од компаниите за 3Д печатење: MakerBot, Sculpteo или Hot Pop Factory.
Овие производители засега во своите понуди имаат само накит, заштитни маски за ајФони и слични производи.
Откако корисникот ќе се одлучи за видот на производот кој сака да го креира, на располагање му се најразлични додатоци и опции за дизајнирање. Во понудата има и различни бои, како и материјали, иако доминираат пластиката и металот.
„eBay Exact“ е одличен показател во која насока натаму би можеле да се развиваат апликациите засновани на 3Д печатењето.