Француски регулатор и забрани на американска компанија да собира биометриски податоци

Од:

Американската софтверска компанија Clearview ја прекршила прописи на ЕУ за приватност со колекцијата на фотографии на француски граѓани што ги собрала на интернет и мора да ја прекине практиката на собирање биометриски податоци, предупреди француски регулатор.

Американската софтверска компанија разви технологија за препознавање лица и има колекција од повеќе од 10 милијарди фотографии од целиот свет кои полицијата и разузнавачките агенции ги користат како пребарувач за нивните истраги. Колекцијата на Clearview од јавно достапни фотографии од лицата на граѓаните на социјалните мрежи и на интернет нема правна основа и ги прекршува прописите за приватност на податоците на ЕУ, предупреди CNIL во официјалното барање до компанијата да престане да собира податоци за Французите.

Clearview не побара согласност од граѓаните пред да почне да ги собира нивните фотографии на интернет, нагласи францускиот регулатор.

„Тие биометриски податоци се особено чувствителни, првенствено затоа што се поврзани со нашиот физички идентитет, со тоа кои сме ние и овозможуваат наша единствена идентификација“, се вели во соопштението на CNIL.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата