Хјуман рајтс воч (ХРВ) денеска соопшти дека силите на Тиграј, кои се борат против етиопската Влада, претходно годинава, во два града во регионот Амхара егзекутирале цивили, јави ДПА.
Во извештајот на оваа група за правата на човекот, објавен денеска, се наведува дека убиствата се случиле меѓу 31 август и 9 септември.
„На 31 август, силите на Тиграј влегле во селото Чена и се вклучиле во спорадични и повремено тешки борби со етиопските федерални сили и сојузничките милиции на Амхара“, се наведува во извештајот на ХРВ.
Жителите на ХРВ му соопштиле дека во следните пет дена во 15 оделни операции силите на Тиграј егзекутирале 26 цивили, пред да се повлечат од селото, на 4 септември.
-Во градот Кобо на 9 септември, силите на Тиграј во четири одделни инциденти за кратко време егзекутираа вкупно 23 лица, изјавија очевидци.
Убиствата биле очигледна одмазда за претходните напади на локалните фармери врз силите на Тиграј истиот ден.
Лице кое побегнало од Кобо кон средината на септември за ДПА телефонски изјави дека лично знаел за еден таков инцидент во предградието, во кое три лица биле убиени од борците на Тиграј.
ХРВ повика на „независна меѓународна истрага за наводните воени злосторства во етиопските региони Тиграј и Амхара“.
Официјални претставници на Тиграј досега не одговорија на извештајот на ХРВ, но претходно негираа дека нивните сили извршиле злосторства.
Во конфликтот во Етиопија, што почна во ноември 2020 година, се стравува дека досега загинале десетици илјади лица, а раселени се милиони други, пренесува ДПА.