ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ потрошија 4 години и ништо не направија за јавниот транспорт

Од:

„СДСМ и Петре Шилегов како екс градоначалник на скопјани им потрошија 4 години, а ништо не направија за јавниот транспорт во градот и сообраќајниот хаос. Четири години мавтаа со хартија и зборуваа за проектот „БРТ“, кој патем крајно нетранспарентно без мислење на експертската јавност го наметнуваа. На крајот уште понетранспарентно непосредно пред изборите и го тендерираа“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Стефан Васев.

„Овој проект е поврзан со големи сомнежи за корупција, кои ќе бидат детално истражени и презентирани пред јавноста.

Петре Шилегов и СДСМ на скопјани им должат одговори зошто цело време кријат колку зеленило треба да се уништи за спроведување на проектот „БРТ“? Да потсетиме Шилегов освен што ќе остане запоменет како градоначалник кој изгради мост кој завршува во дневна соба , предвиде и уништување на мостот „Обединети нации“ еден од клучните мостови во Скопје, содржано токму во проектот „БРТ“.

И на крајот и најважно, овој проект за кој говорат од СДСМ, освен што не е комплетно и детално испланиран, освен што чини огромни милиони, треба да се спроведе дури за 10 години. На Скопје му требаат проекти кои ќе понудат решение на актуелната состојба со сообраќајниот хаос и јавниот транспорт, која Шилегов ја остави и ништо не презеде во таа насока“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Стефан Васев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски