Советниците на Општина Центар едногласно ја изгласаа одлуката да доделат 5.000.000,00 денари како спонзорство на кошаркарскиот клуб “Работнички“. Општина Центар е основач на кошаркарскиот клуб и со овој потег сака да помогне во надминување на наталожените финансиски проблеми на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб.
К.К. Работнички е гордост на општината со успесите и трофеите кои ги ниже веќе 65 години.
Она што треба под итно да се разреши се и проблемите со Управниот Одбор избран од претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Иако веќе и кошаркарите најавија дека по судски пат ќе ги бараат парите кои им ги должи управата, сеуште актуелното раководство не сака да свика вонредна седница. Кошаркарите прашуваат кој си игра и кој сака да го уништи К.К. Работнички.
Едно од главните ветувања на градоначалникот Андреј Жерновски во предизборниот период беше дека ќе го врати стариот сјај на К.К. Работнички.